Српски автобус се преврте во Унгарија: Не се знае зошто тргнал во спротивен правец пред несреќата

93

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот 53 во Унгарија, околу 5 часот утринава, кога дури 15 лица се повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград, дознава Телеграф.рс.

Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи.

На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот наводно од непозната причина тргнал во спротивен правец и потоа се превртел со полна брзина.

Според унгарските медиуми, повредени се 15 лица, а 12 се веќе во болница.

Брзата помош на лице место згрижила тројца.

Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница.

Некои патници останале заробени во автобусот, па биле извлечени од пожарникарите.

Сопственикот на агенцијата е на лице место, голем број патници се вратија во Белград, а останатите продолжија со новиот автобус.