Роџерс со предупредување до Сити и Јунајтед

94

Менаџерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс упати предупредување до Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, кога е во прашање можниот трансфер на Хари Мегваер.

Стратегот се закани дека ќе стави краен рок за финализирање на трансферот, бидејќи остануваат само 3 недели до затворањето на трансфер прозорецот за Премиер лигата, а „лисиците“ сакаат да си обезбедат квалитетен заменик на англискиот репрезентативец.

Како што е познато, од Лестер инсистираат да добијат 75 милиони фунти, што би го направило Мегваер најскапиот дефанзивец во историјата на Премиер лигата, надминувајќи го трансферот на Вирџил ван Дајк за 5 милиони фунти.

  • Ќе има краен рок. Не можеме да останеме со недоволно дефанзивци. Имаме дефинирани цели, ако Хари си замине, но нема потреба да го продаваме. Дури и ако ја понудат бараната од нас сума во последен момент, ние ќе ја одбиеме, бидејќи ќе биде премногу доцна за да привлечеме некој друг на негово место. Значи ќе има момент во кој, дури и со вистинска понуда, ќе биде премногу доцна“, прокоментира Роџерс пред „Сан“.

Дваесет и шест-годишниот дефанзивец има договор со Лестер до 2023 година. Како негов заменик, се споменува името на Луис Данк од Брајтон, за кого тимот може да плати 45 милиони фунти.