Роналдо сигурно збесна поради зборовите на Маркизио

97

Клаудио Маркизио, поранешниот легендарен фудбалер на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, се најде во центарот на фудбалското внимание поради постот кој го напиша на својот твитер профил. Поранешниот репрезентативец на Италија одигра повеќе од 400 натпревари за „старата дама“, а во понеделникот реши малку да се позанимава со најголемата ѕвезда во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Португалскиот интернационалец постигна два погодока на првенствениот натпревар против екипата на Кротоне, а после дуелот на „Алијанц арена“, Маркизио на својот твитер профил напиша: „Освен слободните удари, Роналдо и понатаму е страшен играч кога се во прашање последните 25 метри до противничкиот гол.

Прецизните Италијанци, веднаш открија каква е статистиката на Роналдо кога се во прашање слободните удари. Откако се има преселено во Серија А, Португалецот во изминатите две и пол години има постигнато само еден погодок од слободен удар. Тоа беше на дерби натпреварот против градскиот ривал, тимот на Торино, а во дресот на Јувентус имал вкупно 43. обиди за гол од слободен удар.