Розберг ја објасни најголемата разлика помеѓу Шумахер и Хамилтон

725

Нико Розберг може да се пофали дека бил тимски колега на двајцата најуспешни возачи во Формула 1 на сите времиња – Михаел Шумахер и Луис Хамилтон. Овие двајца вкупно ја освоија 14 пати шампионската титула во најбрзиот циркуз, по седум на двете страни.

  • Михаел беше комплетен како возач. Ги покриваше сите квалитети. Во однос на талентот, тој веројатно мора да биде најдобар на сите времиња, изјави Германецот.

Потоа тој ја објасни најголемата разлика помеѓу Шумахер и Хамилтон.

  • Најголемата разлика помеѓу нив е трудољубивоста. Луис мрази тест возења. Не сака тест возење. Михаел возеше тестови секој ден, иако беше седумкратен светски шампион. Но, тоа е така бидејќи тој постојано учеше и го сакаше тоа, без разлика дали се работи за тренинг или трка, открива Розберг.

Розберг му „украде“ една титула на Хамилтон, откако во 2016 година стана шампион со Мерцедес, тим за кој возеше и сеуште вози Британецот. Но, само пет дена по освоената титула тој ги шокираше сите со одлуката да се пензионира.

  • Хамилтон беше премногу брз во таа 2016-та година, а уште подраго ми е што го победив со исти болид, додаде Розберг.

На крајот, Германецот беше прашан за тоа дали Хамилтон може да стигне до рекордна осма титула оваа сезона.

  • Па, не сум толку емотивно врзан за тоа што сега кога велам: „Еј, Михаел заслужува да го чува рекордот“. И Луис го заслужува тоа, а ако успее, тогаш добро, заврши Германецот.