Победничката серија на ракометарите на РК Бутел продолжува, откако му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2 за поразот во Битола и со 29:21 и го забележа петтиот триумф во низа во Суперлигата.

Најефикасен во победничкиот тим беа Марко Мајиќ со осум и Младеновски со шест погодоци, додека во Еурофарм Пелистер 2 седум постигна Петровиќ, а четири пати противничката мрежа ја затресе Емилијан Ѓорговски.

Лидерот на табелата Еурофарм Пелистер на домашен терен го совлада тимот на Тиквеш со 25:16.

Шампионот Вардар ја забележа дванаесеттата победа, откак на гостински терен го совлада Радовиш со 37:20. Анте Гаџа со седум погодоци беше најефикасен во пбедничкиот тим, а Дибиров шест пати стрелаше во противничката мрежа.

Охрид ја прокнижи и шестата победа во Суперлигата, откако во „езерското дерби“ со леснотија ја добија Струга со 29:18. Најефикасен играч на натпреварот беше Влада Кастратовиќ од Струга со девет погодоци, а кај охриѓани се истакна Тасески со шест гола.

Фото: Фејсбук – Е. Пелистер