Рим и натаму навреден од Париз, во очекување на поконкретни зборови за извинување

161

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави денеска дека Рим и понатаму е незадоволен од извинувањето на Париз, откако францускиот министер за полиција Жералд Дарманен ја обвини Италија за лошо управување со приливот на мигранти, пренесе Ројтерс.

– Ни требаат поконкретни зборови. Се надевам дека француската влада ќе го промени ставот. Извинувањето е спротивно од ставот на францускиот министер за внатрешни работи. Ќе бидам среќен да ги видам тие промени – изјави Тајани за РАИ.

Францускиот министер Дарманен минатата недела изјави дека десничарскиот премиер на Италија Џорџо Мелони „не успеал да ги реши проблемите со мигрантите, иако таа е избрана врз основа на тоа ветување“.

Дарманен додаде дека Мелони ги „лажела“ гласачите дека може да стави крај на мигрантската криза.

Тајани во четврток во последен момент ја откажа посетата на Париз во знак на протест поради она што тој го сметаше за „навреда“ за Италија.

Портпаролот на француската влада Оливие Веран се обиде да ги намали тензиите во петокот, велејќи дека е сигурен дека Дарманен нема желба да ја критикува Италија.