Рекордна понуда за Кутињо

182
Актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М) ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Филипе Кутињо.
Шампионот на Шпанија се обидува на секаков можен начин да се ослободи од услугите на офанзивниот играч кој пристигна на „Ноу Камп“ пред 18 месеци за рекордна сума од 140 мил. евра.
Според каталонските медиуми Кутињо ќе биде продаден на Баерн (М) доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 120 мил. евра.