ОСКАРОВЕЦОТ НА ПАТЕКАТА НА СЛАВНИТЕ: Гиљермо дел Торо имал работа со киднапери 

167
Director Guillermo Del Toro poses during the ceremony for his Star on The Hollywood Walk of Fame, in Hollywood, California, on August 6, 2019. (Photo by VALERIE MACON / AFP)

Мексиканскиот режисер и продуцент Гиљермо дел Торо кој стана светски познат со филмот „Обликот на водата“ а за кој беше награден и со Оскар, ја доби својата ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд и притоа даде поддршка на имигрантите.

Интересно е што тој во Лос Анџелес дошол во 1998 од Мексико, откако неговиот татко бил киднапиран. Киднаперите барале откуп од 1 милион американски долари за таткото на Дел Торо, а режисерот успеал да собере пари благодарение на пријателите и колегата, канадскиот режисер Џејмс Камерон.

Пред камерите и новинарите тој позираше со мексиканско знаме над својата ѕвезда. Тој ја искористи оваа можност и моментот на потврдата на неговата слава за да зборува за стравот што, како што рече, некои го користат за поделба на нацијата и да пренесат дека различните луѓе не треба да веруваат едни на други.

„Не верувајте во лагите што ви ги кажуваат за нас, верувајте во приказните што ги носите во себе и верувајте дека сите можеме заедно да ги промениме работите“, изјавил Дел Торо пред присутните. Тој во 2008, ја основаше продуцентската компанија Ча Ча Ча Филмс со сонародниците, пријатели и реномирани режисери Алфонс Куарон и Алехандро Гонзалез Инариту.