Рекорден буџет за Слоскер

61

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека и покрај економската криза која настана поради пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19, клубот планира да потроши сериозна парична сума за време на летниот преоден рок.

За време на последниот состанок кои клупските челници го имале со менаџер, Оле Гунар Солскер, било договорено буџетот за летните засилувања да изнесува околу 300 мил. евра. Еден дел од парите ќе биле обезбедени од продажбата на неколку фудбалери.