Регулаторна достави предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи

164

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги достави до Министерството за економија предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи.

Како што соопшти Комисијата, станува збор за иницијатива на РКЕ, која предлогот го подготви во соработка со Електродистрибуција, по препорака на Енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не се во целосна финансиска кондиција да ги подмират сметките за електрична енергија.

-Предлогот опфаќа принципи врз основа на кои може да се дефинираат критериуми по кои ќе се утврдат потрошувачите, односно домаќинствата кои ќе влезат во категоријата на ранливи потрошувачи, наведуваат од Комисијата.