Рајс наследник на Канте

60

Доколку предвреме биде прекината соработака со францускиот интернационалец Н’Голо Канте, раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обидат да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на лутиот градски ривал Вест Хем, Деклан Рајс. Дефанзивниот играч за врска е во „војна“ со менаџерот Франк Лампард и затоа сака да си замине од Лондон за време на зимскиот преоден рок, додека Рајс е проценет на најмалку 60 мил. евра.