Шпанскиот гигант Атлетико (М) ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на брзоногиот напаѓач од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, открија британските медиуми. Репрезентативецот на Англија за време на летниот преоден рок беше голема желба на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, но самиот фудбалер испрати јасна порака дека не сака да си замине од „Олд Трафорд“.