Расправа во Советот на Општина Тетово за немањето вода и комуналните проблеми

28

Дел од советниците при Советот на Општина Тетово на денешната 44-та седница побараа одговорност од локалната власт за проблемите во градот околу немањето вода како и други комунални потешкотии со кои се соочуваат граѓаните.

Расправата се водеше за време на втората точка од дневниот ред за усвојување на финансискиот извештај за работењето на Јавното комунално претријатие „Тетово” за првите три месеци од 2021 година проблеми во градот.

– Повеќе денови, четири денови, особено стариот дел од градот нема вода за пиење. Ова се случува постојано. Треба да се пуштат комунални инспектори во контрола дали некои имаат постојани рестрикции, а некои воопшто немаат. Знам дека има дефекти и застарен водовод, но треба да бидеме свесни дека во Тетово има дивоградби кои на диво се приклучуват и ни прават проблеми – истакна советникот Горан Јовановски од ВМРО ДПМНЕ.

Директорот на ЈКП Тетово, Џелал Цека одговори дека вода има доволно и доток од над 500 литри во секунда и се работи на санирање на дефектите.

– Дефектот е еднаш среден но повторно се јави истиот проблем. Ни одземаше неколку дена за првичното санирање – истакна Џелал Цека на седницата.

Советникот Ариф Селами од Алијанса за Албанците порача локалната власт да ја зголеми контролата врз депонриањето црвст отпад, додека сопартиецот Неџати Реџепи побара одговор што се прави со долговите на ЈКП Тетово.

Советникот Кујтим Рамадани побара ЈКП повеќе да се ангажира околу собирањето на отпадот особено на новата велосипедска патека.

Директорот Цека посочи дека претријатието се соочува со долгови кон доверители, а од граѓаните имаат ненаплатени сметки во висина од шест милиони денари за периодот од март 2020 до март 2021 година.