Точно пред седум години американскиот рапер Dr. Creep, во својата песна „Pandemic“, го спомена коронавирусот. Но, не само тоа, во текстот беше и птичјиот грип. И секако ниту маските не беа изоставени.  А, еве дел од неговата песна.

Dr. Creep

– Погледнете го процесот на терор од ридот во близина на потокот. Јас останувам во гас-маска. Јас сè уште ја филтрирам водата. Ова не е минато време или чумата на Атина. Не може да се искорени како голема сипаница во акција. Птичји грип се распрскува и тоа во комбинација со коронавирус во 2020 година, пее раперот.

Но, она што е збунувачки е тоа што  во песната ги навел  Париз и Њујорк, а сега на сите ни е познато дека и таму имаме коронавирус.

– Научните критериуми за пандемија на грип се исполнети. Потребен ви е лекар за да ви го каже тоа. Овој вирус е човечки. Радиото престана да се емитува. Имаше извештаи за инфекција во Париз и Њујорк. Воените блокади беа надминати. Што знаат научниците за овој понов вид? Одлучија да се подигне нивото на предупредување за пандемија на грип, пее тој.

 

Сè уште не се знае дали овој рапер ја предвидел короната или таа е само дел од тогашната неговата фантазија. (Мaja Анчевска) – Извор: Песна на Јутјуб