„Ракутен“ бара казна за расистите во Барселона

54

Директорот на јапонскиот електронски гигант „Ракутен“, Хироши Микитан, се огласни на својот твитер профил и откри што мисли за видео-клипот од 2019 година на кој јасно се гледа како француските интернационалци од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Антоан Гризман и Осман Дембеле, расистички ги исмејуваат азиските работници во хотелот.

Првиот човек на главниот спонзор на Барселона јасно кажа дека сите вработени во неговата компанија се многу лути поради однесувањето на фудбалските ѕвезди.

  • Како спонзор и организатор на клупската турнеја низ Јапонија, многу ни е жал што фудбалерите на Барселона имаа такви коментари. Таквото однесување е неприфатливо во било какви услови и ние веднаш ќе бараме реакција на клубот околу ова прашање, напиша Микитан.

Претходно, Осман Дембеле прв се извини за расистичното однесување.

  • Во изминатите неколку дена во јавност се појави едно приватно видео. Тоа што го гледате се има случено во Јапонија, а можеше да се види и на било кое друго место во светот. Намерно не навредував една група на луѓе, тие фрази ги користам кога разговарам со пријателите, без разлика на нивното потекло. Можам да сфатам дека видеото е навредливо и затоа сакам искрено да се извинам, напиша Дембеле на својот инстраграм профил.

Неколку часа подоцна се извини и неговиот тимски колега, Антоан Гризман.

  • Секогаш сум бил против било каква расна дискимининација. Во изминатите неколку дена некои луѓе сакаа да ме прикажат таков каков што не сум. Категорчки ги одбивам сите обвинувања на моја сметка и сакам јавно да им се извинам на моите јапонски пријатели ако сум ги наредил, напиша Гризман на својот твитер профил.