Ракометната репрезентација на Данска во последното коло од главната фаза на Европското првенство во Унгаија и Словачка, водеше речиси цел натпревар, а на крај минимално загуби од Франција, што донесе лоши вести и елиминација на репрезентацијата на Исланд, која чекаше победа на скандинацската селекција за да се пласира меѓу најдобрте четири селекции на шампионатот

Токму затоа избраниците на Николај Јакобсен, беа жртви на заканувачки и навредливи пораки преку социјалните мрежи. Некои од нив добија повици преку кои беше изразено незадоволство од нивната игра во завршницата од натпреварот. Данските медиуми споделија дел од пораките кои стигнаа до репрезентативците.

Најголемиот дел од заканите кон ракометарите на Данска се за местење натпревар. Еден од нив е пикерот Рене Антонсен кој за данските медиуми ја сподели содржината од пораките.

-Добив многу поинакви пораки од Исланѓаните, кои беа многу непријатни. Луѓето го пишуваат своето мислење за мојот настап против Франција. Но за среќа работите кои ми ги пишуваат во пораките се нешто што никогаш не би ми го ажале во очи. Мислам дека не е во ред да пишувате што ќе посакате на социјалните мрежи, рече Антонсен.