Размена Пјонтек за Кин

82

Италијанските медиуми открија дека раководните лица на Милан и на Евертон седнале на преговарачката маса, а тема на дискусија е продажбата на полскиот интернационалец Криштов Пјонтек.

Челниците на Милан се незадоволни од формата на скапо платената аквизиција која според нив мора да биде продадена за време на зимскиот преоден рок. Англискиот премиерлигаш, пак, сака да се ослободи од услугите на италијанскиот интернационалец Моисе Кин и затоа во игра е опцијата за размена на фудбалерите.