Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати пред пратениците во Собранието на 18 декември.

На интернет страницата на Собранието стои дека Пендаровски ќе се обрати пред пратениците на 18 декември во 12.00 часот, во рамките на 122-та седница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажал седницата по писменото барање од претседателот Пендаровски.

„Во согласност со член 85 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и да ги известам за одредени прашања од мојата надлежност.

Ве молам тоа да ми се овозможи на 18 декември 2019 година (среда) во 12 часот”, пишува во барањето од Пендаровски до Џафери, испратено на 21 ноември.

Ова ќе биде прво обраќање на Пендаровски како претседател пред пратениците.