Големо внимание деновиве на социјалните мрежи предизвикува новиот совршен изглед на Фатиме Фетаи, поранешната специјална обвинителка. Таа ја скратила црната коса, а во комбинација со црвениот кармин и црвените лакирани нокти, повторно успеа да изгледа за некои си 20 години помлада.

Едноставно, тоа ѝ поаѓа за рака. Знае како треба. Секогаш во топ форма и секогаш добро расположена, Фетаи таква беше и при неодамнешната посета кај својата сестра Нора Шаќири-Марковиќ, нашата некогашна водителка и ТВ-новинарка.

Повод за оваа средба, после многу време, поради коронавирусот е желбата на Фатиме да си го види внукот Ијан, синчето на Нора. Но да нема забуна, Нора и Фатиме всушност не се сестри, туку толку многу се блиски и толку многу си го имаат муабетот, сестрински се сакаат и толку многу се дружат, а пред пандемијата излегувале заедно на многу места за забава, така што и двете одлучиле да бидат сестри со што и ние се согласуваме. И не згрешиле!

На тоа да може да каже и самиот мал Ијан со задоволство би викнал сите да го слушнат: “Браво, браво за мојата сакана тетка Фатиме“!  Д.М