Пјаниќ не е класа, тој е алиби играч

117

Италијанскиот портал „Калчомеркато“ објави текст после интервјуто кое босанскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Миралем Пјаниќ, го даде за „Vanity Fair“, во кое, помеѓу останатото, искусниот играч за врска ги коментираше и проблемите кои ги имал со сите тренери во неговата фудбалска кариера.

  • Дознавме многу работи за Пјаниќ кои досега не сме ги знаеле. Особено е интересен неговиот однос со исламот, а голем е бројот на тие кои се изненадени од острите критики кои беа упатени кон Раџа Најголан кој пред неколку дена си замина од Интер. Мораше да биде попаметен и подискретен, изјави Пјаниќ, а пишува „Калчомеркато“.

Истиот медиум пишува дека Пјаниќ имал сличен проблем во Јувентус. Босанскиот интернационалец откри дека Масимилијано Алегри сакал да го продаде, а зелено светло за продажба дал и спортскиот директор Фабио Паратичи.

Ангажманот на Маурицио Сари за шеф на стручниот штаб значи и промена на системот на игра, а Италијанците не се убедени дека Пјаниќ може да одговори на потребите.

  • Пјаниќ не е играч чии додавања се клучни кога е во прашање прогресијата на нападот. Никогаш не бил добар во тоа како што се добри Крос, Модриќ, Ракитиќ или Ериксен. Миралем живее од кратките алиби додавања. Би било подобро на зелениот терен да збори толку остро како што збори кога дава некакво интервју, пишува „Калчомеркато“.