Претрседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа е во Скопје. Повод за тоа е кадетскиот Мундијал, кој се игра во нашата земја. Тој заедно со претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов ги следат четвртфиналните натпревари од шампионатот кој се играат во СЦ „Јане Сандански“

Мустафа најверојатно во Скопје ќе остане до недела за кога е закажана и завршницата на шампионатот по што ќе биде и познат новиот светски владетел до 19 – години.

Фото: П.Стојановски