Путин потпиша указ за јакнење на традиционалните вредности

44
Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша денес укас со кој ги утврди основите на државната политика за зачувување и јакнење на традиционалните духовни и морални вредности.

 

Според документот, Русија смета дека традиционалните вредностисе основа на руското општество.

Под поимот „традционалнио вредности“ се подразбираат моралните насоки кои го формираат погледот на свет на руските граѓани, кои се пренесуваат од генерација на генерација, а кои ја чинат основата на граѓанскиот идентитет и заедничкиот културен простор на земјата, го јакнат граѓанското единство и на единствен начин се манифестираат во духовниот, историскиот и културниот развој на повеќенационалниот народ на Русија, пренесува Спутник.

Како „закани за традиционалните вредности“ се наведуваат дејствувањерто на екстремистичките и терористичките организации и „поединечни медиуми“ како и акциите на САД и други непријателски земји, поединечни меѓународни корпорации и невладини организации, како и активноста на на одредени организации и лица на територијата на Русија.

Исо така се истакнува дека деструктивното идеолошко влијание на Русите станува закана за демографската ситуација во земјата, како и дека „промовирањето нетрадиционални сексуални односи“’ се вбројува во системот вредности кој е деструктивен за руското општество.

Одредбите кои сеоснова на државната политика на Русија во сферата на традиционалнтие вредности подлежат на корекција најмалку еднаш во шест години, а указот стапува на сила од денот на потпишувањето, 9 ноември 2022 година, наведува Спутник.