Путин нареди делумна мобилизација и се закани „со сето расположливо оружје“

121

Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.

Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе поминат претходна воена обука.

Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска.

Путин порача дека не блефира кога вели дека ќе ја брани Русија со сите расположливи средства

– Кога зборуваат за нуклеарно оружје, нека знаат тие што зборуваат за тоа дека нашата земја има помодерно оружје од НАТО-западот. Кога станува збор за одбрана на нашата територија, ние сме подготвени да ги заштитиме луѓето со сето расположливо оружје. Не, не блефирам. Не уценувајте не со нуклеарно оружје – предупреди рускиот претседател.

Откако беше најавена можната целосна мобилизација, Русите масовно го „гуглаат“ одговорот на две прашања