Откако беше најавена можната целосна мобилизација, Русите масовно го „гуглаат“ одговорот на две прашања

461

Откако беше најавена можната целосна мобилизација, Русите масовно почнаа да го пребаруваат на „Гугл“ одговорот на две прашања.

Најавеното обраќање на претседателот Владимир Путин до нацијата во вторник се очекуваше цела вечер, и се стравуваше дека тој може да објави општа мобилизација, но на крајот ништо не се случи. Говорот беше одложен за денеска наутро.

Но, во вторникот вечерта, интернет конекциите во Русија очигледно „се запалија“, бидејќи руските граѓани почнаа масовно „да го прашуваат Google“ како да ја напуштат земјата.

Индексот на прашања на Google за фразата „Како да ја напуштите Русија“ достигна максимум во вторникот.

Барањата достигнаа врв во 18 часот, врз основа на податоците на Google Trends. Не многу пред тоа се појавија информации за обраќањето на Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Жителите на областа Хабаровск на далечниот исток на Русија, која граничи со Кина, беа најзаинтересирани за прашањето на исселување, пишува Јутарни.хр.

Во вторникот беше забележан пикот на барања на тема мобилизација, но тој беше помал отколку во мај. Жителите на регионот Белгород, во близина на украинската граница, најактивно се интересираа за оваа тема.

Исто така, Русите почнаа да ја пребаруваат темата за одложувања од војска. Врвот беше во 13 часот по првите пријави за мобилизација.