Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, се уште се опоравува од операцијата на колената, но тоа не го спречи да каже нешто за неговиот однос со светскиот тениски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ

Швајцарецот откри дека поседниве два месеци немал контакт со првиот рекет во светот, поточно откако Новак инсистираше на основање на ново здружение на играчите под назиовт ПТПА.

-Не разговарав со него околу два месви. Минатиот пат зборувавме за тоа како и каде тенисот може да почне, како и какави мерки против вирусот може да се применат на турнирите, зворуваше Федерер за швајцарските медиуми.

Ѓоковиќ заедно со Васек Поспишли, поднесе оставка во АТП и направи пандан на оваа организација.

-Влогот е голем, станува збор за преживување на турнирите, исто така и за преживување на некои од професионалците. Но без разлика на се, се уште имаат трошоци, објасни Федерер и веднаш порача дека не се согласува со идејата на Ѓоковиќ.

-Ние играчите и управувачките тела мораме да работиме заедно. Веќе имаме проблем и одвојувањето сигурно не е решние, изјави Федерер и се сложи со зборовите на Рафале Надал.

Федере својот прв настап по рехабилитацијата ќе го има на Австралија опен наредната година. Во Мелбурн тој ќе се обиде да не дозовли Надал да го урне неговиот рекор по бројот на осовени грен слем титули. Федерер и Надал моментно имаат по 20. трофеи од големите турнирети, а Ѓоковиќ има три помалку.