Полскиот ракометен шампион Киелце ја доби битката со францускиот ПСЖ и унгарскиот Веспрем, откако Шпанецот Алекс Душебаев, откако потпиша договот до 2026 година.

Преговаравме долго со Алекс, можеби пет месеци. Меѓутоа не беше проблем висината на договорот, туку составот со кој ќе настапиме следната сезона. Со сегашната екипа ние сме во состојба да се бориме за титулата во Лигата на шампионите. Алекс имаше сериозни понуди од Веспрем и ПСЖ. Ние не можевме да му дадеме пари како што му нудеа тие, но Душебаев одлучи да остане кај нас и тоа е негова заслуга, вели претседателот на Киелце, Бертус Сервас.

Душебаев во полскиот шампион пристигна во 2017 година од Вардар и тоа после освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.