Прошетката низ Венеција веќе не е бесплатна

46
Фото: vecer.press

Венеција од денеска почнува да го наплаќа влезот во градот за туристите кои доаѓаат на еден ден.

Оваа мерка е усвоена со цел да се намали притисокот врз античкиот италијански град, кој тоне под тежината на масовниот туризам.

Посетителите кои доаѓаат на еднодневно патување од денеска ќе треба да купат билет од пет евра, што ќе се контролира од инспекторите на клучните локации.