Наздравувајте, ама никогаш со вода

98

Дури и најмал повод, вреди да се прослави или одбележи со блиските, а тука е неизбежно наздравувањето. Дури и да не сте некој љубител на алкохол, ова „правило“ сигурно го знаете – никогаш не се наздравува со чаша вода!

Наздравувањето со вода носи несреќа на оние на кои им се наздравува, а неретко, и на самиот оној што наздравува. Според некои древни верувања и многу повеќе од тоа.

Станува збор за верување кое датира уште од антиката. Древните Грци верувале дека кога човек умира, неговата душа од во Адот, односно во подземниот свет. Таму се наоѓала тажна рамнина обрасната со бледи диви цвеќиња, низ која течеле пет реки: студениот Стикс, реката на омразата, Ахерон, реката на болката, Кокитус, реката на лелекањето, Флегетон, реката на огнот и Лета, реката на заборавот.

Кога покојникот ќе стаса во Адот, пие од Лета за да го заборави минатото и страдањата од претходниот живот.

Оние кои верувале во реинкарнација верувале и дека душите пијат од оваа река за да го заборават претходниот живот и да се подготват за нов.
Се верува дека токму тука е и коренот на обичајот никогаш да не се наздравува со чаша вода.

Така, оној што го прави тоа, би го снашол преран заборав и судбина полоша од смртта.