Пронајден и казнет арачиновец кој со „бентли“ се движел по плоштадот во Скопје/ВИДЕО

145

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило марка „бентли“ се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.

Од МВР истакнуваат дека и во наредниот период најостро ќе ги санкционираат сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните.

Претходно на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како автомобилот се приближува до „светлосниот тунел“ поставен на градскиот плоштад, при што луѓето собрани околу новогодишната декорација брзо се тргаат настрана, а потоа возилото брзо преминува на другата страна.

@burimharacina♬ original sound – Burim Haracina