Романот „Водена приказна“ на новинарот и публицист Александар Сашко Кукулев овој викенд ќе биде претставен пред белградската читателска публика. Белградската промоција на книгата е закажана за сабота (1 октомври) ,во Дом војске, со почеток во 18 часот.

Станува збор за потресна приказна од времето на Граѓанската војна во Грција, во која главниот лик, Патрик Меккензи, пилот на RAF, по цели педесет години, доаѓа во Русилово, село во Егејска Македонија, врз кое во 1948 година ја фрлил првата напалм бомба.

Настанот е во организација на  македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград, кое годинава слави 19 години од своето постоење.