Промоција на „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Костадиновска

56
Книгата за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ на младата авторка Марија Костадиновска ќе биде промовирана онлајн, во понеделник (2 ноември), во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература мк“.
„Хана и Фран (главните ликови) иако ги имаат своите кралства тие ги губат. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и засекогаш. За да ги вратат изгубените кралства ќе мора да се потрудат. Насоките се и повеќе од јасни. Најпрвин ќе треба да научат многу нови нешта. Да бидат истрајни. Мудро и логично индивидуално да размислуваат, но да дејствуваат тимски. За на крајот да дојдеме до заклучокот дека најважна е среќата. Успеваат, создавајќи го кралството на среќата. Хана и Фран се сите деца, затоа и оваа приказна е вистинска“, вели авторката Костадиновска.
Делото е во издание на „Арс Ламина – публикации“, а промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска, која ќе разговара со писателката за оваа книга, како и за идните планови.