Продолжува реконструкцијата на плочникот во Порта Влае

196

Поставени се нови гранитни плочки и хидроизолација на еден дел од плочникот во Порта Влае. Градежните активности продолжуваат во должина на истиот потег, паралелно со улицата „Есперанто“, информираат од Општина Карпош.

Во првата фаза, како што соопшти Општината, предвидена е обнова на 6.000 квадратни метри и реконструкција на околните жардиниери. Реконструкцијата на овој плочник ја финансира „ТАВ Македонија“ и е во вредност од 25,5 милиони денари.

Од Општина Карпош додаваат дека преку Советот е донесена и развојна програма за финансирање и реконструкција на преостанатиот дел од плочникот, со што вкупната површина изнесува 14.380 квадратни метри. ки/сп/