Продолжува реализацијата на проектот за дом за стари лица во Пробиштип

332

Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов денеска соопшти дека продолжува реализацијата на проектот за дом за стари лица. Се изведуваат повеќе фази истовремено согласно Акцискиот план.

Извршено е рушење и демонтажа на внатрешната столарија каде се просториите за сместување, завршена е ѕидаријата на новопланираните ѕидови и  направен е новиот влез. Се работи и на поставување на водоводната и електричната инсталација.

Согласно динамиката и надминатите проблеми кои се јавија на почетокот на работите, а кои веќе се надминати, ми дава за право да се надевам дека веќе во мај, овој проект ќе биде завршен и општината ќе добие дом за стари во кој 55 наши сограѓани ќе добијат достоинствено сместување по сите стандарди, изјави Анастасов.

Вредноста на проектот, кој е целосно финансиран од Министерството за труд и социјална политика, е 55 милиони денари. Домот за стари лица е со капацитет за 55 корисници, а рокот на изградба  е 12 месеци од почетокот на работите.

Извор:МИА