Природна убавина наследена од популарната мајка: Грациела – ќерката на Адријана

415

Грациела е ќерка на нашите премногу добро познати личности Адријана и Горан Алачки. Иако Горан и Адријана поодамна не се во брак, нивната ќерка задржа подеднакво добри комуникации со своите родители. И секогаш е вкусно дотерана, има и став на дама, како и однесување кое таман ѝ се вклопува со името. Грациозна како газела! Новинарите во 2014 година со задоволство пишуваа тогаш за свадбата на Грациела со нејзиниот сопруг Игор Димовски, кој е добро познат македонски хармоникаш.

Имаа покането над 300 гости, а сите тие уживаа во веселбата до зори. Денес, Игор и Грациела се родители на ќеркичката Јана, за која гордата и сè уште згодна баба Адријана (шефицата на Гастро-Мак) често пишува статуси на својот Фејсбук, а кои можат да се сведат под едно: Соколица на баба! Баш слаткоречиво и милозвучно.
– Како да ви го објаснам тоа чувство. Мојата соколица ми дава сила, а ништо не ми прави. Само ме држи на нозе во животот, а всушност ти ја држиш за раченце додека таа чекори… чудни работи, емотивно открива Адријана. Инаку, сопругот на Грациела, Игор, на Јутјуб постира прекрасни миксови од песни кои се насловени како „Пауза за ракија“. Со составот свири преработки на македонски народни песни. Меѓу гостите на тие свирки грациозно е присутна и неговата Грациела. Убав си е животот, нели?!                  Д.М. foto:FB