Принцот Чарлс во прва кралска посета на Куба

96

Принцот Чарлс ќе ја направи првата посета на член на британското кралско семејство на Куба. Тоа ќе се случи во март, соопшти кабинетот на престолонаследникот.

Принцот и сопругата Камила, војвотката од Корнвол, ќе престојуваат четири дена на Куба, во рамките на пошироката турнеја на Карибите, соопштија од неговата резиденција.