Принцот Хари како странец во Лондон, два часа по крунисувањето се враќа во ЛА

1454
EPA-EFE/ANDY RAIN

Принцот Хари пристигна во Лондон со комерцијален лет пред крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети, пренесува Page Six. Неговата сопруга Меган Маркл остана во Калифорнија со нивните деца, принцезата Лилибет и принцот Арчи, кој утре го слави четвртиот роденден.

Извор упатен во случувањата во британското кралско семејство неодамна изјави за Page Six дека војводата од Сасекс ќе лета назад во Лос Анџелес два часа по крунисувањето за да стигне на време за роденденската прослава на неговиот син. „Хари ќе даде се од себе за да се врати во времето за роденденот на Арчи“, рекол изворот на таблоидот.

Поранешниот кралски батлер Пол Бурел им откри на британските медиуми дека принцот Хари ќе седи 10 реда зад Виндзор, подалеку од кралското семејство. Тој тврди дека на овој настан војводата од Сасекс сигурно нема да се помири со својот татко и семејството бидејќи нема да има можност ниту да разговара со нив.