Прилепин откри детали за атентатот: Неговата ќерка излегла од автомобилот 5 минути пред да експлодира

387

Познатиот руски писател, Захар Прилепин, откако се разбудил од вештачка кома, раскажал што се случило во моментот кога е активирана експлозијата во автомобилот во кој се наоѓал.

Прилепин објави дека тој бил зад воланот на автомобилот што вчера беше кренат во воздух во Нижегородската област.

Според него, три минути бил во несвест, додавајќи дека му биле скршени двете нозе.

Терористичкиот напад бил извршен со две мини, од кои само едната била активирана под совозачкото седиште каде седел неговиот возач и телохранител Александар Шубин, кој настрадал.

Додека опишувал што и претходело на трагедијата, неговата ќерка излегла од возилото само пет минути пред експлозијата.

Потсетуваме, вчера имаше терористички напад на Захар Прилепин, со поставување бомба на неговиот автомобил.

Неговата прес-служба објави дека од експлозијата загинал Александар Шубин, припадник на баталјонот „Оплот“ на руската гарда, а писателот се здобил со потрес на мозокот и ги скршил двете нозе.

Полицијата потоа го привела човекот кој учествувал во нападот со автомобил-бомба, кој признал дека работел за украинската служба за безбедност.

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка против членот за терористички напад.