Приведен скопјанец поради кражба, украденото вратено на оштетените

32

Полициските службеници од СВР Скопје – ЕВР Чаир вчера го привеле А.Ѓ. (21) од Скопје, поради сторени кривични дела „тешка кражба” и „кражба” на подрачјето на Шуто Оризари.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведениот на 1 декември ги сторил наведените кривични дела во куќа на улицата „Хаџи Јован Шишков“ и вчера во куќа на улицата „Злетовска“.
Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а против А.Ѓ. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.