Приведен криминалец баран со потерница

23
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага денеска попладне во 15.30 часот го приведоа И.К. (26), кој се барал по распишана потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од две години во врска со чл.236 ст.1. од КЗ на РСМ.
Приведеното лице, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, ќе биде предадено на кзанено поправна установа.