Полициски службеници приведоа 18 лица за нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“ во Скопје, соопштија од МВР.

За инцидентот е известен и јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари.

По натпреварот, битолската навивачка група „Чкембари“, со шест автобуси и едно комбе заминаа од  СЦ „Јане Сандански“, а долж булеварот беа распоредени униформирани полицајци и специјалци.