Приватен остров продаден за шест милиони долари, новиот сопственик го видел само виртуелно

718

Приватен остров во Ирска со три плажи и седум куќи е продадено за над 6.3 милиони долари, а притоа анонимниот купувач го немал ни посетено, јавува Си-Ен-Ен.

Хорс ајленд, остров со површина од околу 15 хектари кој се наоѓа северозападно од копнениот дел на Ирска, е продаден по преговори кои се одвивале генерално преку ВатсАп.

Анонимниот купувач од Европа го имал видено островот само на снимка пред да одлучи да го купи, придружувајќи им се на исклучително богатите луѓе кои се одлучуваат на купување приватен остров во текот на пандемијата на вирусот корона.

Островот со недопрени природни пејзажи има три плажи, приватно пристаниште, патишта, хелидром, тениски терен, теретана, една главна куќа со површина од 4.500 метри квадратни и неколку викендички кои гледаа тна Атлански океан.

Агентите за недвижности тврдат дека во текот на панемијата на вирусот корона се принудени на купувачите да им нудат виртуелно разгледување. Тие истакнуваат дека продажбата на островот Хорс укажува на се позастапениот тренд меѓу исклучително богати луѓе кои, во екот на пандемијата на вирусот корона која ги укина речиси сите патувања заради разонода, се повеќе се свртуваат кон купување на приватни острови.

Извор:www.cnn.comhttps://edition.cnn.com/travel/article/horse-island-ireland-sold-scli-intl/index.html