Претставување: Македонски автори на Саемот на книгата во Истанбул

157

Македонските автори Славица Гаџова -Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерски  на 2 ноември ќе се претстават со свои изданија на меѓународниот саем на книгата во Истанбул.

Гостувањето е во рамките на проектот „Претставување на македонски автори во Истанбул“ во организација на издавачката куќа „Восток“.

За турската читателска публика и турските издавачи, изготвен е каталог со извадоци од прозни и поетски дела на македонските автори, преведени на турски јазик.

Истанбулскиот меѓународен саем на книгата е еден од најпосетените светски саеми за книга со над милион посетители.