Претседателот австрискиот Парламент заспа на седница на истражна комисија

41

Претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка се најде на мета на критики на јавбоста откако заспа на седницата на парламентарната истражна комисија во случајот со корупциската афера „Ибица“.

Соботка заспа за време на сослушувањето на менаџерот на концернот „Новоматик“, Штефан Крен.

Шефот на пратеничката група на Социјалдемократската партија, Каи Јан Крајнер, го забележа заспаниот Соботка и повика: „може ли некој да го разбуди претседателот“.

Настанот се случи во момент кога Народната партија на Австрија (ОВП), чиј член е Соботка, поставуваше прашања.

Крајнер тогаш побара да го разбудат Соботка и рече дека секое прашање од таа партија е неприфатливо.

Судијата во постапката постапил по барање на Крајнер, а кога го разбудил претседавачот, Соботка одговорил целосно збунет: „… да, судија“.