Премиерлигашки дуел за Aргентинецот

84

Лутите ривали од англиската Премиер лига, Челзи и Ливерпул, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Фиорентина, Нико Гонзалес. Одличниот играч за врска ќе ја добие потребната дозвола за да си замине од Фиренца само доколку официјалната понуда за неговото обештетување не биде помала од 50 мил. евра.