ПРЕКУ ЛОТАРИЈА ДО БИЛЕТ: За Виенскиот концерт пријавување до 28 февруари

141

 

На најпопуларниот и најпознатиот новогодишен концерт кој секоја година се одржува на 1 јануари во Виена може да присуствувате доколку учестувавате во лотарија. За да дојдете до билет мора да се пријавите, а пријавите собираат најдоцна до 28 февруари.

Извлекувањето на среќните добитници е во март. За новогодишниот концерт може да добиете по два билети за човек, а цената е од 25 до 1000 евра.
Првиот новогодишен концерт во Виена бил изведен во 1939 година, а на програмата секогаш се валцери, полки, чардаши…