Презентерката на временска прогноза на одмор во Турција:Наташа Алексоска „ведри и облачи“!

532

Наташа Алексоска, за многумина една од најзгодните презентерки на временската прогноза на Македонска телевизија, има со што да се пофали. И кога е на летување. Додека е на малите екрани секогаш е елегантна и одмерена, а сега додека се одмора на плажа, таа повторно изгледа фантастично. Харизматична е, „ведри и облачи“, а деновиве се наоѓа во Аланија, Турција, со семејството, веруваме во деновите исполнети само со сонце. Инаку, да потсетиме дека Наташа е дел од она познатото трио „Метео“, кое всушност од ТВ-А1 се пресели во МТВ, а во кое покрај Наташа беа уште и Глигор и Ирена. Глигор е сега на слична работа на скопскиот аеродром, а Ирена продолжи да ја работи истата работа во ТВ-Телма…