Иако денеска започна процесот на преземање на предметите на СЈО од ЈО, тоа не значи дека предметите  и физички ќе бидат преселени во државното обвинителство.

Предметите, прислушуваните разговори, транскриптите… остануваат во зградата на СЈО и ќе се чуваат под посебен безбедносен трежим, велат за весникот ВЕЧЕР, извори од СЈО.

Истите ѓе се подигаат од специјалното обвинителство по потреба за судења, односно остануваат во СЈО се додека јавниот обвинител не одлучи кој обвинител ќе постапува по нив.

Денеска, државниот обвинител Љубомир Јовески, беше во СЈО, со што започна процесот на предавање на надлежноста од СЈО на државното јавно обвинителство.

-Предметите по преземањето се оставени кај нив. Сите остануваат во СЈО. Денеска започна постапката на предавање на предметите од СЈО во надлежност на ЈО. Додека не се одреди кој обвинител ќе ги работи, ќе останат таму. Тоа се однесува на сите предистраги, истраги и предметите што се во судска постапка, рече Јовески.