Предавања по веронаука за деца во храмот „Свети Кирил и Методиј“

54

Во Соборниот митрополитски храм „Свети Кирил и Методиј” во Тетово ќе се одржуваат предавања по веронаука за деца од 10 до 15 години, информираат од Тетовско-гостиварската епархија. Часовите ќе ги одржува отец Илија Деспотовски.

– Со благослов на неговото високопреосвештенство митрополит тетовско-гостиварски господин Јосиф на верниците им нудиме веронаука за нивните деца. Пријавувањето е во текот на овој месец, а предавањата ќе започнат од средината на февруари. Предавањата ќе се одржуваат во текот на целата година, секоја втора сабота или два пати месечно – изјави отец Деспотовски.