ПРЕГОВОРИТЕ ЗАПОЧНАА: Што побараа Украинците од руската делегација?

359

Преговорите на украинско-белоруската граница во близина на реката Припјат започнаа во 10 часот по локално време. Украинската делегација пристигна на разговорите со хеликоптер, откако претседателот Володимир Зеленски се согласи да испрати свои претставници на разговори.


Зеленски првично одби да разговара во Белорусија, но во меѓувреме разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко и одлучи да испрати делегација на украинско-белоруската граница.

Украина од Русија побара итен прекин на огнот и положување на оружјето. Покрај тоа, едно од главните барања на Зеленски е итен прием на Украина во ЕУ.

Се уште не се познати барањата на руската делегација.