Прв смртен случај од Ковид-19 во Етиопија

37

Етиопија денеска го потврди првиот смртен случај на пациент со Ковид-19, изјави министерката за здравство во земјата, Лиа Тадесе.

Станува збор за 60-годишна жена, која од 31 март се наоѓа на лекување во главниот град Адис Абеба.

Во Етиопија има регистрирано вкупно 43 случаи на инфицирани со новиот коронавирус и четири пациенти кои оздравеле.